Странски туристички водачи им го јадат лебот на македонските – Каде се институциите?!

Со зголемениот број на туристи во земјава, освен доброто за туризмот и натаму останува доглогодишниот проблем со кој се соочува Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници. Потпреседателот, Елвир Садиковиќ за Канал 5 вели со години се соочуваме со непочитување на законот за турстичка дејност и погрешно толкување на македонската историја од страна на странските водичи.



Во законот вели, децидно е наведено дека при влез во земјава на секоја странска туристичка агенција во рок од 24 часа треба да се склучи договор со локална агенција, со асоцијација на туристички водичи или со туристички водич, но се почесто се соочуваат со прекршување на законот.

Освен не почитувањето на законот, туристичките водичи при Макеоднската асоцијација велат, надлежните мора да постапуваат и да казнуваат. Секаде во регионот и пошироко постојат строги законски одредби кои нашите водичи при влез во странска држава ги почитуваат.

Садиковиќ вели како асоцијација не бараме ништо повеќе освен посчитување на законот и заштита на македонската историја. Со надлежните институции со години се разговарало на овие теми но досега вели нема никаков напредок. Тој посочува дадени им биле упатства на институциите, каде и кој се критични точки во туристичките градови ширум земјава, како може да се контролираат странските туристички водичи, но досега не е превземено ништо.