На 20 март Уставниот суд ќе одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава.
Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на денешниот брифинг со новинари, на подготвителната седница се поканети Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија и холандски врховен судија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што нашиот суд го побара од Венецијанската комисија и Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права со експертиза за малцинските права и употребата на малцинските јазици, кој ќе ја образложи праксата на ЕСЧП во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците.
Информирајќи за седницата, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски истакна дека на седницата ќе се расправа за спорните правни прашања.
– Не е ова расправа на судот. Ова не е расправа на судија со судија да се согласува или да не се согласува со Уставот, едноставно ги разјаснуваме со експетрите спорните правни прашања што ни се појавија и затоа се повикани да дискутираме. – Дарко Костадиновски претседател на Уставен суд.





