„Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега“, рече членот на Советот на Град Скопје Мартин Стојановски, на вчерашната седница на советниците не го поддржаа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови еко-автобуси..



Претседателот на Совет Трајко Славески, рече дека градоначалничката ги потценува сите со тврдењето дека со еден денар може да се набават автобуси.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за набавка на нови еко-автобуси.

Арсовска рече дека место пари за кредит се дозволува да се искористат буџетските средства од градот, а остави можност на советниците да пишат во денари колку пари од Буџетот сакаат да се одделат за оваа намена за да тргне процесот.

Претходно, не беше изгласана ни потребата од Бас-рапид транзит системот.