Стопанска комора: Само производите со 5% ДДВ да бидат со ограничена маржи

Маржата да се ограничат само на прехрамбените производи кои се со  ДДВ од 5%, предлага најголемата Стопанска комора откако од таму ја разгледаа листата од министерот за економија, Крешник Бектеши на која се најдоа над 2.500 продукти за кои се смета дека во иднина треба да бидат со ограничени маржи до 10 проценти.



Ако се прифати предлог од комората, од списокот треба да се тргнат цигарите, алкохолните производи, но и други продукти кои се со ДДВ повисоко од 5 отсто и се сметаат за луксуз. На прашањето дали  со ваквиот предлог, мерката со која се планира да се контролираат цените би имала ефект, претседателот на комората Азески рече дека тие нема да бојкотираат било каква мерка и да се донесе, но лично смеат дека ваков список со производи на кои би се ограничиле маржите не треба да има.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески по средбата со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, упати порака до сите политички партии дека ставовите на Комората се јасни – ќе се бара отчет за секој потрошен денар.

  • Очекувам да ни се случи одговорност за тоа каде одат парите на народот. Зборот „буџет“ ќе биде најизговорениот збор. Ќе си ги бараме нашите права и јавно велиме дека социјалните трансфери ќе бидат најневозможната мисија во иднина. Одиме чекор по чекор, за да не се случи најнепосакуваното – да го иселиме капиталот онаму каде што ќе нè примат со широко раширени раце. И ветуваме дека постојано ќе бараме од идниот претседател на државата да не го става потписот на оние закони за кои сметаме дека ќе му наштетат на бизнисот и на граѓаните – истакна Азески.

Претседателот на Стопанската комора се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според Азески листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Пред извесно време министерот Бектеши листата со над 2.500 производи ја достави до сите комори и до Организацијата на потрошувачи. На списокот се најдоа млечни производи, месо, овошје, зеленчук пијалоци. Оваа листа би се трансформира во правилник, откако ќе стапи на сила и Законот за нефер трговски практики кои пред скоро помина во Собранието, а кој се очекува да стави крај на проблемите со цените.

Колку за потсетување, потегот за ограничување на маржите доаѓа откако се укина мерката со која цените на дел од продуктите извесен период  беа замрзнати, по што дојде до поскапување, некаде дури и енормно.