Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека се преземаат активности за спречување на натамошната дива градба на панорамско тркало на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски:
Фирма од Чаир „на диво“ гради панорамско тркало во Карпош
„Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ке бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите“. објави Тошковски на Фејсбук.





