Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, вели дека се’ уште нема конечен договор, дали Движењето ЗНАМ станува дел од Владата и кои ресори би ги добиле.



Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека она што може да го сподели е дека разговорите се одвиваат во позитивен дух.

Доцна синоќа од Движењето ЗНАМ информираа дека била одражана средба за соработка со ВМРО-ДПМНЕ на ниво на потпретседатели на партии, на која се разговарало за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.

Претходно вчера, од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека преговорите меѓу коалициските партнери за идната Влада се во напредна фаза, но дека се уште нема конечен договор со Коалицијата „Вреди“ и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваат никакви детали.