Американскиот Стејт департмент побара продолжување на реформите во Македонија во одговорот на прашањето од Македонска информативна агенција за ставот „во однос на имплементацијата на Законот за употреба на јазиците изгласан од Собранието минатата недела“.
„Поддршка за реформите дојде од сите страни. Како што кажа премиерот Зоран Заев, Владата и политичките лидери се должни и носат одговорност за унапредување на интересите на сите граѓани во земјата“, се вели во изјавата на Стејт департмент за МИА.
Во врска со прашањето за името, пак, САД очекуваат „брзо решение“.
„Се надеваме дека лидерите на Македонија и на Грција ќе постигнат заеднички прифатливо решение во интерес на евроатлантските интеграции, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот“, изјавија од Стејт департмент.




