Стево троши пензијата и дружи разузнавачи додека можеш – лажно обвинет за “иранско – турско – унгарско влијание” со совет до Пендаровски

Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп, пишува вицепремиерот и министер на транспорт Александар Николовски по интервјуто на екс претседателот Стево Пендаровски за Сител.



,,Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели ,,ум” на светски лидери, а сам себе не се гледа.

Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме ,,проруски” , ,,антизападни” , ,,антиамерикански” , за мене слушам напишале дека сум претставник на ,,иранско – турско – унгарско влијание” и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански”, пишува Николовски.

Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш, стои во мистериозната порака на Николовски до Пендаровски.

Целото интервју на Пендаровски на кое реагира Николовски

https://www.facebook.com/share/v/1YBgRM8BKx/?mibextid=oFDknk