Растот на минималецот без согласност од Економско-социјалниот совет односно Синдикатите, отсуството на преговори за зголемување на платат во јавниот сектор според колективните договори и политичките притисоци врз членството. Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, најави протест на 2 април во Скопје. Ова следи откако Владата во вторникот усвои одлука за зголемување на минималната плата за 1.800 денари, што ССМ го смета за незаконско. Протестот ќе започне во 12:05 часот, симболично укажувајќи дека времето за работниците одамна истекло.
Трендафилов истакна дека Владата донела одлука без консултација со синдикатите, спротивно на законските процедури. Според него, преговори со гранските синдикати за висината на платите во јавниот сектор не се одвиваат, иако тоа е предвидено во општиот колективен договор. ССМ бара функционерски плати, зголемување од 12,6% во нето износ или 12,9% во бруто износ.

- „ССМ нема да дозволи како што не дозволи во минатото кога се обидуваа да стават функцонерска чизма на вратот наш и на работницните, нема да дозволи ниту сега, некој да стави функцонерска чизма на вратот и на работничката мака. Од нашата пот е вашиот луксуз, не може да се одлучува за нас, без нас. А, на втори април имајќи во предивд дека ќе имаме јавна седница на која ќе одлучуваме и пред Собранието, пред Стопанската комора, пред Владата да побараме од пратениците да го изменат законот за минимална плата да утврдат износ на минилана плата во висина од 500евра или во висина од 30 илјади денари со што ќе направат задолжителна обврска за зголемување на сите плати во државата“, рече Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.
Тој обвини дека политички партии и поставени директори вршат притисоци врз синдикатите и активистите. Според него, се користат закани, уцени и суспензии за да се ослабне влијанието на ССМ и да се формира друг, погоден синдикат.
Денеска започна работата на Комисијата за утврдување на репрезентативноста, при што само ССМ поднел барање за признание на територијално ниво. Трендафилов нагласи дека ова е важно за учество во економско-социјалниот совет и другите трипартитни тела, но се соочуваат со силен отпор.
ССМ претходно побара да се отвори дијалог до крајот на март за одредување на минималната плата, но Владата го игнорирала барањето и еднострано усвоила одлука. Ова, според синдикатот, првпат се случува од донесувањето на Законот за минимална плата во 2012 година, што го загрозува правото на работниците да учествуваат во процесот.
Трендафилов предупреди дека без законска измена, работниците би можеле да бидат принудени да враќаат дел од платата на работодавачите. Тој посочи дека пратениците заминале на одмор без да ја зголемат минималната плата на 30.000 денари, со што би се зголемиле и другите плати.





