Средба на македонска и американска делегација

 

За актуелните безбедносни состојби, остварувањето на обврските на земјите-членки на НАТО во исполнувањето на целите за военото усовршување и одвојување на повисок процент за модернизација на националните одбранбени капацитети, се разговараше на денешната средба на македонската и американската делегација на маргините на состанокот на Постојаниот комитет ПС НАТО.



Делегациите биле претставени од шефовите и замениците шефови на двете делегации, пратениците Драган Ковачки, Антонијо Милошоски, конгресмените Мајкл Тарнер и Линда Санчез, јави Алфа.

Се разговараше и за перспективите на Алијансата во контекст на евентуални безбедносни предизвици и потребата за нивно соодветно пресретнување.

Делегациите споделија видувања за мировниот процес за Украина, со очекувања за завршување на војната во што пократко време, со потпишување на одржлив мировен договор. Во светло на петгодишнината на членството на нашата земја во НАТО, беше реафирмирана натамошната поддршка од страна на САД, во контекст на Стратешкото партнерство. Беше поздравена улогата на нашата земја како кредибилен НАТО сојузник во зачувувањето на регионалната стабилност.

Американската делегација се заблагодари на срдечниот прием во Собранието и упати честитки за успешно организираниот состанок на Постојаниот комитет на ПС НАТО.

Мицкоски на ПС НАТО: Да не се дозволи билатерални спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната цел (ВИДЕО)