Премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата во Вашингот по повод Инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател оствари бројни средби.
Преку социјалните мрежи соопшти дека имал исклучително срдечен разговор со Ендру Пејкоф кој е канадски бизнисмен со македонско потекло, а една од темите била можноста за инвестиции во Македонија
-Исклучително срдечен разговор со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, компанија која има годишен приход од околу 4 милијарди американски долари и околу 5000 вработени. Компанијата е основана во 1963 година и денес е најголема компанија на американскиот пазар од оваа област.
Инвестициите на Нијагара Ботлинг во Македонија се добредојдени. Македонската дијаспора е клучен елемент во системот, нашиот глас и аргументи да бидат појасни и посилни во Светот. Обновуваме но и создаваме нови можности и партнерства со секој што може да помогне Македонија да биде повторно горда и ваша – напиша Премиерот Мицкоски






