Средба Мицкоски – Ван дер Белен: Пријателството помеѓу Македонија и Австрија мора да трае

Пријателството помеѓу Македонија и Австрија мора да трае – ова е заклучокот од средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен.



„Зборувавме за заедничката соработка и воспоставување на пријателство кое мора да трае.
За иднината на државата и регионот“,
 напиша премиерот Мицкоски.

Претходно Мицкоски се сретна со австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг.

„Разговаравме за заедничките интереси, стратешките цели на Македонија и потребата за придвижување на процесите“, напиша премиерот.