Средба Заев – Села, останува ли Алијансата во владата?

Лидерите на СДСМ и Алијанса на Албанците се сретнале за да ги надминат недоразбирањата што се појавиле за време на локалните избори и се договорат за принципите на соработка во рамки на владата.



Како што брифираат извори во АА за expres.mk резултатот од средбата за која не се открива кога се случила, е дека Алијансата најверојатно останува дел од владата дококу премиерот Заев ги исполни ветувањата дека во иднина нема да се повторат непринципиелните чекори што СДСМ ги презела за време на вториот круг од локалните избори.

За време на средбата било разговарано и за пакетот реформи кој е предложен од Алијансата но и за политичкиот вокабулар на Села кој што со своите изјави постојано ги провоцира Македонците.

Двајцата лидери на политички партии разговарале и за потребата од итно донесување на законот за јазици како и за пополнување на изспразнетото министерско место со заминувањето на екс министерот Арбен Таравари на позицијата градоначалник на Гостивар.

Зијадин Села на Зоран Заев му порачал дека додека е АА во владата таму нема место за ДПА на Мендух Тачи и му најавил дека и во иднина ќе продолжи соработката со движењето БЕСА иако е таа опозициска партија.