Средба Гаши-Курти на 25 ноември 2024 во Приштина, само седум дена по седницата на двете влади и средбата Мицкоски-Курти

„Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе се сретне со премиерот на Косово Албин Курти на 25 ноември 2024. Ова го соопшти кабинетот на премиерот Курти предку соопштение за медиумите. Средбата на Курти со Гаши се очекува да започне во 13 часот и 30 минути во зградата на Владата.“објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.Се уште нема детали кој е поводот за оваа средба и за кои теми ќе се разговара. Инаку, средбата Гаши – Курти уследува само седум дена по заедничката седница на владите на Македонија и Косово и средбата на македонскиот премиер Мицкоски и косовскиот премиер Курти, одржани во Приштина.



Информативниот портал на албански јазик „Албанијанпост“ објави: Косовскиот премиер Албин Курти во понеделник, на 25 ноември 2024 година, ќе биде домаќин на средбата со претседателот на Собранието на * Македонија Африм Гаши. Ова го оопштија од кабинетот на премиерот Курти, но не и други детали за оваа средба, која доаѓа една недела по заедничката седница на Владата на Косово и Владата на * Македонија во Приштина. На средбата на 18 ноември владите на двете земји потпишаа три договори за соработка во енергетиката и образованието, како и за олеснување на слободното движење на граѓаните. Двете влади ветија дека нивното спроведување ќе започне од јануари 2025 година. Средбата Курти-Гаши доаѓа во време кога албанската опозиција во * Македонија изрази незадоволство од изјавата на косовскиот премиер, кој по заедничката средба со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски изјави дека „не постои закон за употреба на албанскиот јазик во * Македонија“.