Лекарскиот тим кој водел сметка за мечот на Конор МекГрегор со Флојд Мејведер во кој првиот доби серија тешки удари, што практично и беше повод тој да биде прекинат во десетата рунда, препорачал Ирецот да не се бори минимум до 26 октомври. На Конор оваа одлука која е правосилна и е изречена од Спортската комисија на државата Невада, а се однесува на сите земји, па и на сите боречки спортови, не му се допаѓа, а интересно и покрај првичните реакции на прекинот, само ја оправдува одлуката на судијата во рингот кој не дозволи мечот на столетието да заврши во предвидените 12 рунди.
Спортската комисија во истовреме на Конор му препорачува да не тренира со полн интензитет и да не работи ништо физички во тој период, што практично значи дека тој добил премногу удари од Мејведер во неделата за што како компанзација доби 30 милиони долари,




