Поради испадите на навивачи на Европското првенство, по првото коло Дисциплинската комисија на УЕФА ги казни Хрватска, Србија, Албанија.



Казните, се чини беа недоволни па на вчерашниот меч меѓу Хрватска и Албанија кој заврши 2:2, навивачите на двете селекции во еден момент заеднички почнаа да скандираат „Убиј го Србинот“, па веднаш по мечот следуваше жестока реакција од фудбалскиот сојуз на Србија.

Србите не беа единствени кои беа навредувани на овој меч.

По завршување на дуелот, албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку со мегафон во рацете водеше навредливо скандирање проти Македонците. јави Б92.

Македонија ниту е дел од овој турнир, ниту Даку кој е роден на Косово, а игра за Албанија, имаше било каква причина да скандира навредливо кон Македонците.

И додека од српската федерација веднаш реагираа за навредите кои беа слушнати на тој меч, од Фудбалската федерација на Македонија по повеќе од 15 часа од тој скандал и навредливо скандирање против Македонците, нема никаква реакција или барање за казна која сигурно ја заслужува Даку поради непристојното и непрофесионално однесување пишува СПОРТМАНИА