Според првите резултати, Милановиќ победува уште во првиот круг

Според првите привремени резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот претседател и кандидат на СДП и коалициските партнери, Зоран Милановиќ, победува во првиот круг и добива уште еден претседателски мандат со 50,11 отсто од гласовите.



Кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, освои 22,33 отсто од гласовите.

Ова се резултати по 51,61 отсто обработени избирачки места.

Марија Селак Распудиќ освоила 8,11 проценти од гласовите, Ивана Кекин 7,28 отсто, Томислав Јоњиќ 4 отсто, Миро Буљ 3,76 отсто, Бранка Лозо 2,35 отсто, а Нико Токиќ Картело 0,87 отсто.