Според Ковачевски Скопје рекло ДА за СДСМ и ДУИ да продолжат да владеат

Според лидерот на владеачката партија Ковачевски на вчерашниот митинг во главниот град граѓаните на Скопје рекле ДА за СДСМ и ДУИ да продолжат да владеат.



СДСМ и ДУИ на изборите се претставуваат како Европски фронт.

,,Скопје вели одлучно „ДА“ за европската иднина на Македонија и полноправно членство во ЕУ”, смета Ковачевски по вчерашниот митинг.

,,Европската Унија значи европско образование за децата да ни останат тука, дома.

Европската Унија значи подобри услови и повисоки плати во здравството, за задоволни граѓани!

Европската Унија значи сигурна и безбедна иднина, иднина со заштитен јазик и зачуван идентитет, кој ја гарантира нашата државност!

И од тука, од центарот на нашиот главен град, порачувам – Нема откажување од европската иднина на Македонија”, објави Ковачевски!