Ако се суди според грчката национална телевизија ЕРТ завчера фудбалската репрезентација на Италија во квалификациите за Светското првенство во фудбал во Русија во 2018 година играше против духови а не против Македонија.
На сликата која што што пренесуваше ЕРТ имаше резултат, име на домаќинот но на местото каде што требаше да стои името на гостинот немаше ништо.
Грчките режисери за да не се гледа кратенката МКД со која што фигуриравме на ТВ снимката која што ја пренесувала европската радиодифузиска асоцијација (ЕБУ) , ставиле празен телоп.
Колкава е омразата во Грција за името Македонија најдобро покажува овој пример каде што Грците не се потрудиле да го стават ниту името од ОН: ФИРОМ или пак грчката кратенка ПГДМ.





