Најдобрата петто пласирана селекција во тековните фудбалски мундијалски квалификации, и тоа убедливо, ќе беше четврта во секоја друга група во европската зона. За жал, за разлика од второ поставените овде нема никаков бенефит, но ние самите го чувствуваме тоа. До душа не треба да се претерува со светлата иднина зошто многу фактори ќе влијаат на неа. Од ова што го видовме во последните 6-7 месеци има основа. Добра, хетерогена селекција, многумина кои играат во пристојни клубови, и најважно, сите со желба кога ќе се соберат под водство на Игор Ангеловски, се со намера да бидат колектив. Тој е пресуден во се, тоа треба дасе негува, да се гради. Резултатите ќе дојдат само ако тимот биде сочуван и ако расте заедно.



Македонија ги заврши квалификациите со 11 бода и гол разлика 15-15 што е подобро од подобро пласираните конкуренти во групата Г Албанија (10-13) и Израел (10-15), но и од 20 други селекции во овие квалификации во Европа. Нелогично, и за нас позитивно.