Делот од Алијанса за Албанците што го води Зијадин Села ја урна тезата на критичарите на ВМРО-ДПМНЕ дека на идниот партнер во Владата, Коалицијата „Вреди“, ќе му даде премногу министерски места.
„Во текот на овие три децении Албанците воделе најмалку 5 од 15 министерства, потоа 6 од 15 ресори и на крајот 8 од 16 министерства, без министрите без ресор и вицепремиери. Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства во најавената влада од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства“, стои во соопштението од Алијанса на Села.
Според нив, ситуацијата ќе била уште полоша бидејќи, како што наведуваат, ќе се носат законски измени со кои само 4 министертва ќе водат Албанците од 19 ресори.






