Социјалистичката партија на Македонија го разбира незадоволството на пензионерите од последното усогласување на растот на пензиите за 5,3%.
За некој 600, за друг 3.000 денари повисока мартовска панзија
„Власта на СДС и ДУИ упорно се фали дека тоа е раст на пензиите, но всушност е само делумно приближување до растот на инфлацијата и до растот на просечната плата што како модел не се покажа успешен и мора да се промени“ велат од СПМ.
„Подолгото заостанување на растот на пензиите што го направи владата на СДС и ДУИ ги обезвредни парите на граѓаните кои со години уплатувале во пензискиот фонд.
Пензионерите се осиромашени, навредени и гневни што нивниот опстанок е загрозен токму од лошите политики на власта која ги игнорираше нивните протести и барања.
Поддржувајќи ги пензионерите повторно укажува дека е неопходна промена на моделот на пресметка на растот на пензиите што веќе е присутен во други држави, а заради пореметувањата што ги предизвика инфлацијата и игнорирањето на промените од страна на власта“, се вели во соопштението на СПМ.






