Сплит: Полицајка уби ограбувач на банка

 

Денеска околу пладне била ограбена експозитура на „Ерсте банка“ во Сплит, но ограбувачот бил убиен од полицајка.



Според информации на Индекс.хр, таму случајно се нашле две полицајки, а разбојникот бегајќи пукал во нив но тие возвратиле.

Разбојникот бил погоден.

Итната помош набрзо пристигнала на местото на настанот, но обидите да го реанимираат крадецот не успеале.