Спиропали до „мудриот политичар“ Ахмети: Правата на Албанците во Македонија мора да бидат неповратни

Претседателката на Парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, денеска во Тирана го прими лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, нарекувајќи го „мудриот политичар“.



„Со добриот пријател, мудриот политичар, г. Али Ахмети, претседател на ДУИ, позната албанска личност, разговаравме за унапредување на правата на Албанците во Северна Македонија, кои се и треба да бидат неповратни; за конструктивен ангажман на албанските политички субјекти и на Албанците во пријателската и соседна земја, за изградба на општество и целосно демократска земја, со социјална кохезија и еднаквост за сите граѓани; за посветеноста на албанскиот фактор во забрзувањето на членството на Северна Македонија во Европската унија“, објави Спиропали на Фејсбук.