Македонската фудбалска репрезентација се уште е многу длабоко на најважната светска листа, па така според најновото рангирање сме „бетонирани“ на 135. место. Тоа во споредба со претходното објавување на ФИФА е полошо бидејќи минатиот месец бевме на 134. позиција.
Познато е дека клупските резултати на Вардар и Шкендија не влијаат на рангирањето, а уште помалку тоа може да биде доброто домаќинство на УЕФА Супер купот и затоа ние остануваме зад селекции како Тајланд, Бурунди, Либерија, Виетнам, Андора иако Македонија во однос на претходното рангирање има десет бода повеќе (228).
Од селекциите кои се наши противници во квалификациите за Мундијалот во Русија идната година, Шпанија е на позицијата 11, Италија на 12, Албанија е на 63. место, Израел на 70, а Лихтенштајн на 190. На врвот е Бразил, следат Германија, Аргентина, Швајцаријаца и Полска.





