Спасовски во својата изборна единица освои само два пратеника

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски најавуваше победа на СДСМ во ИЕ2. Сепак, на крајот СДСМ е на четвртото место во оваа изборна единица. Коносителот Фатмир Битиќи поднесе оставка.



Спасовски загуби и на своето избирачко место, 1058/1, каде СДСМ има освоено 64 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 126.

Screenshot/ДИК

Од целиот изборен дебакл кој го доживеа СДСМ врвот беше во втората изборна единица каде од СДСМ едвај како пратеници влегоа носителот и коносителот на Изборната единица.

Ваков дебакл не е запамтен во историјата на независна Македонија каде носители на ИЕ2 од СДСМ освоиле само две места. Особено ако се земе предвид дека Оливер Спасовски изгубил дури и во своето маало.

Фатмир Битиќи кој беше коносител на изборната единица и е потпретседател на СДСМ веќе поднесе оставка, а од Оливер Спасовски нема ни трага ни глас.

Во изборна единица 2 како пратеници не влегоа некои од истакнатите членови на СДСМ како Мартин Костовски и Марко Михаиловски.

Моќното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Владо Мисајловски има осум мандати. Освен него, овде влегуваат и Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Бране Петрушевски.

ДУИ има 4 мандати, ВЛЕН 3, а сметките ги „поматија“ ЗНАМ со два и Левица со еден пратеник.

Во освоени гласови, според податоците на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ има 66.422 гласови, а СДСМ освоил 18.631 гласови.