Спасени се трите лица кои заедно со седумгодишно дете вчера планинарејќи, го згрешиле патот и залутале на стрмно место меѓу селото Кожле, на патот кон Велес, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Лицата беа извлечени доцна во ноќта во прилично тешки услови со помош на тим на спасители на вода од доброволно друштво од Велес.
Тимот спасители пловел со чамец по Пчиња од Катланово па, се до опасната локација на изгубените, пред манастирот Мала Богородица во клисурата на реката под самиот автопат. Како што информираат од ЦУК со голем напор и несебично залагање безбедно беа пронајдени и извлечени од десниот речен брег на левиот, а потоа безбедно качени на автопатот.
Конкретно, четирите залутани лица, две жени, еден маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), прво преку 112 во ЦУК, беа лоцирани и беа пронајдени и истите по исклучително стрмниот терен успеаја да се спуштат на десниот брег на реката Пчиња на непристапно место над – пред манастирот Мала Богородица, во клисурата на реката Пчиња, под автопатот Скопје – Велес, од каде што по земјен пат не можеа да се извлечат во текот на ноќта.
-Студенилото, мракот и влажноста дополнително отежнуваа, но и залутаните лица, исто така, беа изложени на студенилото на ноќта, бидејќи имале само лесна дневна облека, маички на кратки ракави. Таквите услови ја диктираа континуираната динамика што спасителите ја реализираа со голем напор, но и со голема волја да се помогне оптимално брзо, а безбедно за сите, информираат од ЦУК.
На лице место, се спуштил и директорот на ЦУК, Ангелов, заедно со таткото, на дел од лицата, со цел да имаат комуникација со лицата.
Во време нешто по 02.00 по полноќ лицата биле безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје.
Директорот на ЦУК Ангелов, изрази голема благодарност на сите ангажирани во спасителната акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец.





