Ѓорги Галетановски, поранешен директор на скопската Соолошка, е нов претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје.
Тоа за го потврди самиот за Слободен печат.
потврда дојде и од лидерот на Социјалдемократите: „Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ“, објави Венко Филипче.
Досегашен претседател на ГО на СДСМ-Скопје беше Васко Кичевски.
Галетановски претходно аплицираше на јавниот повик за нов директор на скопската Зоолошка, но не беше избран и најави дека ќе поднесе тужба против Град Скопје бидејќи и покрај тоа што два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште беше отворен, иако беа поминати сите законски рокови за жалби.