Софија одбива да ги „омекне“ условите за Македонија да ги започне преговорите со ЕУ

Новата бугарска влада објави дека одбива да преговара со Македонија за омекнување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ, објави Еуроактив напис потпишан од Красен Николов.



„Пред три години, Бугарија и *Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки што ќе го деблокираат процесот на европска интеграција на Западен Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот устав, а властите во Софија ветија дека ќе го отстранат ветото за почеток на преговорите со Северна Македонија.

На почетокот на 2024 година на власт дојде десничарската националистичка партија ВМРО-ДМПНЕ, а премиер стана лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Партијата победи на изборите со остра антибугарска реторика, ветувајќи дека нема да направи отстапки за Софија.

Мицкоски тврдеше дека чекал избор на редовна влада во Софија за да почнат преговорите за укинување на бугарското вето, но првите сигнали се дека дијалогот нема да се обнови. Бугарија потсетува дека вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија не е билатерален проблем, туку веќе е услов на Брисел кон Скопје.

„Бугарија останува исклучително доследна во однос на нејзината политика кон Западен Балкан и европската интеграција на сите земји од овој регион. Постои европски консензус, како што е познато во Бугарија – францускиот предлог, кој строго ќе се следи. Тоа што е постигнато како договор не е билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, тоа е меѓу Брисел и нашите соседи од Република Северна Македонија“, коментира министерот.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да инсистира уставните измени да бидат усвоени, но тие да стапат на сила по влезот на Северна Македонија во ЕУ, за да се спречи ризикот Бугарија да наметне ново вето по други основи.

‘Северномакедонскиот’ премиер Христијан Мицкоски веќе побарал средби со претставници на бугарската влада.

„Во минатото веќе имавме средби со бугарското раководство на највисоко ниво и со нивниот тогашен привремен премиер. Очекувам дека во следниот период ќе има средби со бугарската влада на различни нивоа и тоа не треба да не чуди. Ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат, ние сепак ќе бидеме соседи“, рече премиерот Мицкоски.

„Треба да градиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме за некои теми што не разделуваат“, додаде тогаш македонскиот премиер.