Денеска во Цирих беа составени двојките за фудбалските бараж натпревари од зоната УЕФА за пласман на Светското првенство во Русија следната година. Според жрепката Хрватска прво ќе ја дочека, па ќе патува во Грција, Шведска ќе се соочи со Италија, Данска за противник ја доби Република Ирска, а Северна Ирска ќе се сретне со Швајцарија. Средбите се закажани за термините од 9 до 11 ноември за првите соочувања и од 12 до 14 истиот месец за реваншите.




