Првиот сосед на Џенифер Анистон (48) и Џастин Теру (46), Норман Ресников ја обвинува актерската двојка за тероризирање, дрскост и бучава. Тој тврди дека станало неподносливо живеењето крај нив во елитниот Бел Ер во Лос Анџелес, и дека се е оптоварено со премногу изливи на бес особено од Теру.



Џастин подолго е во недоразбирање со Норман кој вели дека на вознемирувањето му нема крај, а соседот тврди и дека морал да се справи со лаењето на кучињата, кои се премногу долго сами. Ресников се жали на пречестите испади и нервоза на Теру.

Да потсетиме Џенифер Анистони и Џастин Теру се заедно од 2011. година, а се венчаа четири години подоцна.