Шпански медиуми шпекулираат дека Марсела Топор, сопруга на каталонскиот – сега веќе разрешен – претседател Карлес Пуџдемон, можеби ја напуштила Каталонија и со ќеркиte Магали и Марија, заминала во Романија.
Романка по националност и поранешна новинарка и актерка, наводно ја искористила можноста да замине од семејната вила во предградието на Жирона, во близина на границата со Франција откако регионална полиција престанала да ја надгледува вилата, пренесува Express.uk.
Вебсајтот „Ванитатис“ за ова тврдење се повикува на еден сосед, кој тврдел дека во изминатите осум до десет дена немало знаци на живот во вилата вредна 600.000 фунти со поглед на теренот за голф.
Марсела, уредник во магазинот „Catalonia Today“ говори англиски, француски, романски шпански и каталонски. Таа се запознала со сопругот Карлес пред 20 години, а веќе 17 години се во брак.

Имаше гласини дека Марсела, која каталонскиот печат ја нарекувал „кралица на независноста“ и која не ја крие својата поддршка за независност на Каталонија, можеби отпатувала за Романија, откако нејзиниот сопруг стана непријател на шпанската држава. Каталонскиот печат
Пуџдемон, кој се соочува со закана од апсење и долга казна затвор поради едностраното прогласување независност, живее сам во официјалната резиденција на претседателот на Каталонија, сместена во станбеното крило на историската палата Палау де ла Генералитат, која е седиште на Претседателството и на владата на Каталонија.





