Сонцето што го газите ќе ве изгори – Порака до тие што го кинеа и газеа македонското знаме

Сонцето што го газите ќе ве изгори, е вечерашната порака до тие што завчера на повеќе локации низ Македонија го кинеа и газеа македонското знаме.



Пораката е упатена од навивачите на кошаркарскиот клуб Работнички кои вечерва во бодрат својот тим во Скопје.

Банер со ваква порака е поставен на кошаркарскиот меч Работнички – Пелистер што се игра вечерва во рамки на првата македонска кошаркарска лига.

Предходно поради очекувани инциденти како резултат на тензијата која ја направија луѓе кои на денот на албанското знаме го кинеа македонското државно знаме, беше откажано редовното фудбалско коло.

Кошаркарската федерација не го одложи редовното коло на државната лига.

На државното знаме е прикажано стилизирано сонце со 16 краци.