Советот на Град Скопје денеска ќе решава за барањето на приватните превозници

Закажана е вонредна седница во 13 часот на Советот на Град Скопје на која ќе се разгледа барањето за зголемување на цената по изминат километар за приватните превозници.



На синоќешната средба, превозниците заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ договорија зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари.

Приватниците рекоа дека се задоволни и ги откажаа блокадите што претходно ги најавија. Враќање на улиците најавуваат дека е можно од понеделник.