Собранието под клуч до 2 септември – пратениците заминуваат на годишен одмор, но каде?!

Се изморија од работа, па сега, како што е редот, време е малку да здивнат. Пратеници од различни политички партии ќе одат на одмор, па така ПлусИнфо и им го постави прашањето: „Каде и со кого ќе го поминете летниот одмор?“.



Пратениците утре заминуваат на годишен одмор и нема да работат сѐ до 2 септември. Поголемиот дел од нив веќе имаат избрано дестинација и веќе го имаат испланирано летното уживање. Плусинфо разговараше со неколкумина пратеници од различни политички партии и им го постави прашањето: „Каде и со кого ќе го поминете летниот одмор?“.

Ви пренесуваме дел од одговорите:

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица:

„Сѐ уште не сме одлучиле, но голема е веројатноста одморот да го поминам во Грција заедно со семејството“.

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

„Одморот ќе го користам комбинирано.

Неколку дена ќе поминеме на Егејско Море, а неколку дена на охридското крајбрежје.

Секако, заедно со сопругата и со децата“.

Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ:

„Искрено да ви кажам, малку сум болна периодов, се борам со некаква инфекција и воопшто не сум размислувала каде да го поминам летниот одмор. Секако дека Охрид не ми бега, но за надвор од границите сѐ уште немам скроено никаков план“.