Во основното училиште Lalor North Primary School во Мелбурн минатата недела се случил скандал кога наставници на македонски ученици им ги соблекување маиците на кои го имало симболот со Сонцето од Кутлеш.
На денот кој во Австралија се слави како Парада на Хармонијата во основно училиште кое е двојазично а се предава на македонски и грчки јазик децата биле малтретирани заради изборот на македонскиот симбол кој го почитуваат.
Дел од децата биле соблекувални за да облечат друга облека а на дел им биле лепени налепници со државното знаме врз сонцето од Кутлеш.

Сличен инцидент се случил и минатата година на истиот ден.
,,На денот на Хармонија нашите учителки имаа кутија полна со црвени маици за децата. Секое дете што имаше Кутлеш звезда му даваа маици да се пресоблечат. З*****, мојот син, не сакаше, јас отидов до училница да видам што сѐ е проблемот. Уште на врата З***** не смееше да влезе внатре а мене кога ме виде учителката рече : “we are not doing this again“ (не го правиме ова повторно) (јас реков “оoh yes we are” (о да ќе го правиме) по што ме игнорираа и заминаа во другата соба .
Јас чекам да зборувам со нив и ништо од моето чекање. Потоа влегов внатре а учителката ме игнорираше и се преправаше како да не ме виде. Ја прашав што е работава? А таа ми рече од Department of Education е наредбата и оди зборувај на рецепција. Отидовме на рецепција а вработената е со грчко потекло и нејзиниот однос беше еднаков како на македонските учителки. Ме игнорираше. После подолго чекање на репција без резултат отидовме на Harmony Day Parade и седевме надвор јас и мојот син Закарија. Отидов да им покажам дека нема да ме усрамат за тоа што сум Македонка”, раскажува мајка на момчето кое било предмет на притисок да се откаже од Сонцето од Кутлеш.
,,На крајот ме виде директорката и седнав да разговарам. Нашиот разговор траеше еден час со неа. Од разговорот со директорката заклучив дека цел проблем се личните интереси на учителките и убедувања дека државното знаме ќе биде присутно а не Сонцето од Кутлеш за да не сме ги вознемириле и навределе грчките ученици и нивните родители. Да напоменам дека голем број од родителите на децата кои ги натераа да ги сменат маиците не беа присутни. Не беа таму. Имаше една жена Македонка многу навредена и изреволтирана го натера син и со иста маица како на мојот син З***** да седни на парадата и му ја фрли црвената маица назад на македонските учителки.
Имаше и многу други деца од истиот клас и од другите со знамето од Кутлеш седеа на парада а Закариа не. Овој пат ќе се јавам во департмент за едукација и секаде каде ќе стигнам и ќе докажам какви учители ни ги учат децата. Срам невиден! Кутија со црвени маици да ги тераат нашите деца да се пресоблечат на денот на Хармонијата кога со гордост и равноправност да се гордееме со нашиот идентитет (македонскиот), учителките нас не направија да плачиме. Сакам да кажам дека не беше барање на Грците туку од наши продадени души на учителките. Секоја чест на сите заслужни учители ама ете едно или две сматки јајца го смрдија јадењето”, раскажува навредената и понижена мајка К.П.
Во врска со инцидентот повеќе родители испратиле писмото до мене, Македонска радио програма “Трипл З”, Мелбурн која ја води активистот за правата на Македонците Ицо Најдовски.
,,Јас жестоко реагирав и ги повикав родителите да испратат писма до директорката Елизабет Брајан и да прашаат дали овај чин на македонските учители е закон (School policy) или самоволие на вработените за да немаат проблеми со Грчката заедница.
Некои од родителите добија одговор дека е ненамерна грешка на учителите и дека ќе се превземат мерки за наредната година да не се случи и по трет пат Македонците да бидат дискриминирани и да не им е дозволено да се гордеат со знамето со кое се идентификуваат. Во тек реагирања на родителите со петиција, потоа релевантните македонски организации веќе стапија во контакт со министерот за образование Бен Карол.
Македонската радио програма ја бараше двапати директорката но без успех. Секако дека ќе продолжам да ја барам додека јавно не ја каже вистината за скандалот на Денот на хармонијата на Австралија”, вели за expres.mk Ицо Најдовски.
Во едно од писмата испратени до директорот на училиштето се вели дека сонцето од Кутлеш меѓу другото е симбол на македонски институции регистрирани во Австралија и никој нема право да го спречува неговото објавување.
,,Неодамна на еден наш ученик по македонски јазик не му беше дозволено да учествува на овогодинешниот Ден на хармонијата, бидејќи носеше маица со сонцето од Кутлеш. Разбравме дека другите ученици беа принудени да менуваат слични маички за обична црвена маичка за да учествуваат во прославите.
За ваша информација, овој симбол постојано се користи од страна на Австралиско-македонската заедница откако таа дојде во Австралија. Тоа е симбол на Македонскиот центар и црквата зад аголот од училиштето, на Хај Стрит, Епинг; да не зборуваме за локалните спортски клубови каде што присуствуваат млади луѓе.
Секоја одлука донесена од училиштето да ги спречи македонските ученици да го носат овој симбол во нивното училиште е дискриминаторска. Иако исклучувањето ученик од учество на прослави е спротивно на сите политики на инклузија и претставува многу лош преседан за училиштето.
Оваа училишна политика треба веднаш да се отповика и да им се дозволи на македонските ученици да ги носат своите маици без страв или намерно различен третман.
Локалната македонска заедница ја поддржува јазичната програма во основното училиште Лалор од 1980-тите и е револтирана кога дозна за третманот на детето.
Родителите Македонци во училиштето бараат оваа ситуација да се реши без промашување.
Со почит”, пишува во едно од писмата Ник Петровски, татко на двајца ученици од основното училиште Лалор Север.
Сега на потег е училиштето и министерството за образование во државата Викторија каде што се случува дискриминација на македонски деца затоа што ја следат националната традиција и етнички симболи.
Горан Момироски






