Со лажен откуп на стари акумулатори ќариле 3,5 милиони евра

 Во штипското обвинителство е поднесена кривична пријава за измама и за фалсификување за 3,5 милиони евра направена штета предизвикана од три лица и една фирма за откуп на стари акумулатори, соопшти Финансиската полиција.

Парите завршувале на сметка на отпад за стари акумулатори со лажни потврди за откуп на стока.



Еден вработен во отпад и директорот на отпадот на акумулатори заедно со третиот соучесник, којшто е вработен во оштетената компанија правеле лажни фактури за наводно купување на акумулаторите иако во реалноста немало купување и преземање на стоката. Оштетената фирма ги плаќала фактурите со што, според финансиската полиција била измамена за 214 милиони денари односно за приближно 3 и пол милиони евра..

„Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела измама по чл. 247 и фалсификување исправа по чл. 378 од Кривичниот законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.