Со едноминутно молчење, но и со молитва – во Собранието Комеморација за геноцидот во Сребреница

Минута молк и молитва за жртвите на Сребреница. Собранието на РСМ го обележа денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Спикерот Африм Гаши, рече дека 29 годишната болка се уште е свежа во колективното сеќавање, а изрази сочуство до семејствата на убиените.



  • Во името на пратениците на Собанието и во мое лично име изразувам искрено сочуство за жртвите на геноцидот во Сребреница, до членовите на нивните семејства, до граѓаните, институциите на БиХ и до нашите сограѓани бошњаци, изјави Африм Гаши, претседател на Собранието, изјави Африм Гаши, претседател на Собранието.

Претставничката на Здружението „Диванхана„ Мерсиха Смаиловиќ ветува дека следната година и официјално Македонија ќе го прогласи 11 јули како Ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница.

Се обратија и пратеници и други претставници на бошњачката заедница. Професорот Сеад Џигал порача дека на 30-годишнината ќе можеме со поголема сигурност да кажеме дека овозможивме полека да почнат да зараснуваат отворените рани од минатото.

Потоа се разговараше и за законодавните предизвици во спроведувањето на новата резолуција на Обединетите нации со која се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Инаку, во мај годинава Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Левица го осудува ваквото поведение, секуларноста, додаваат, е еден од основните принципи за функционално демократско општество, и затоа ќе поднесе интерпелација против собранискиот спикер за ова своеволие.

Во врска со реакцијата на денешниот настан организиран од Диванхана во просториите на Собранието:

Јас, Мерсиха Смаиловиќ, како претставник на невладината организација Диванхана, сакам да појаснам дека денешниот собир беше настан, а не седница на Собранието. Морам да ја поправам дезинформацијата за сликата што кружи денеска, а која прикажува детал од нашата иницијатива за одбележување на 11 јули, Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Сребреница, одржана во Собранието.

Како модератор, го започнав настанот со поканување на присутните да одржат момент на тишина или да понудат молитва за жртвите на Сребреница, што е гест на почит, а не религиозен ритуал. Начинот на кој поединците избираат да го изразат овој момент, вклучително и дали избираат да се молат, е лична одлука што ги одразува нивните верувања и убедувања. Собранието не сноси никаква одговорност за овие лични избори. Оние кои се запознаени со церемониите во меморијалниот центар Поточаре ќе знаат дека почитта се оддава на различни начини, при што некои избираат молитва, а други тивко набљудуваат, секој според нивните лични чувства. 11 јули секоја година се одбележува во Парламентот во различни формати, и за жалење е што беше политизиран како дел од секојдневната политичка борба.