Со едно непромислено соопштение ДУИ си го уништи наративот на целата изборна кампања во која Ахмети и Османи се надеваат дека со обвинување за проруски ставови на ривалите ќе можат да го амортизираат својот имиџ како апсолутно корумпирани и неспособни политички субјекти.
Во денешното соопштение во кое ДУИ ја напаѓа Гордана Силјановска Давкова партијата која владее од 2002 а непрекинато е на власт од 2008 година или цели 16 години, признава дека дозволила руско влијание во Македонија.
Меѓу другото ДУИ признава дека дозволила руско влијание на критичната инфраструктура.
Критична инфраструктура, или критична национална инфраструктура е инфраструктурата која владите ја сметаат за суштинска за функционирањето на општеството и економијата и заслужува посебна заштита за националната безбедност
,,Само со вакви концентрирани напори и поддршка за најсилната албанска партија, ќе ја постигнеме целта и да се оттргнеме од Русија и руското влијание што ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето општество кревко и мултиетничко, мулти-религиско и мултикултурно, со домино ефект низ целиот регион“, се вели во реакцијата на ДУИ.
Главен таргет на ДУИ во соопштението е кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Османи и ДУИ во жесток напад без аргументи кон професорката Силјановска
Реакција од Силјановска
Нивната комуникација со Европа е за воени злосторства , мојата за човекови права и демократија






