Координативниот комитет на „(анти)македонскиот протест“ кој ќе се одржи во Солун на 21-ви јануари, ги објави петте глави говорници на настанот.
Покрај, Франгос Франгулис, почесен началник на Генералштабот на Армијата, говорници на настанот се и новинарите Стериос Калогирос и Костас Караискос, Андреас Кефалојанис и стратешкиот советник Никос Лигерос.
Подготовките за организирање на митингот „интензивно се одвиваат“ и најавени се 375 туристички автобуси кои ќе носат учесници на митингот од цела Грција.





