Во Хрватска денеска е ден на жалост по трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште „Пречко“, во кој загина едно дете, а три други беа повредени, заедно со наставничка.
Наставничката која се обиде да го спречи 19-годишниот напаѓач,
изутринава е стабилна иако се уште е приклучена на механичка вентилација.
Според 24 часа, таа се здобила со 31 убодна рана, јавува Индекс.хр.
Напаѓачот бил ученик во тоа училиште и живеел во близина на училиштето, а за него се вели дека бил психички нестабилна личност.
Тој, исто така, наводно бил опседнат од ножеви.
Како што дознава RTL, тој купил и мачета долга два метри.
„Овој нож е прилично тап“, е коментарот што, меѓу другото, 19-годишниот напаѓач го остави во април на веб-страница која продава ножеви.






