„Имам една дилема како математичар, која не можам да ја одгатнам. Кој го претставува сега гласачот на така наречениот ‘Европски фронт’?“ – пишува на својот фејсбук-профил Халил Снопче, пратеник во Собранието на Република Македонија од крилото на Алијансата на Албанците на Арбен Таравари, инаку и професор по математика во Факултетот за современи науки и технологии на Штуловиот унверзитет во Тетово.
Својата „дилема“ Снопче вака ја образложува: „Гласачот на така наречениот ‘Европски фронт’ го претставуваат оние, кои гласаа во три по полноќ за предлогот на Владата во формирање, или оние, што не гласаа?“
Пратеникот и математичар Снопче сосема јасно на подбивен начин посочува на „идеолошките пукнатини“ во “Европскиот фронт“, кои настанаа откако крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците не гласаше за веќе усвоените измени на Законот за организација на работата на органите на државната управа, предложени од ВМРО ДПМНЕ, додека, од друга страна, синоќа во три часот по полноќ дел од пратениците на ДУИ, иако се дел на „Европскиот фронт“ гласаа за тие законски измени.





