Снопче: Националистичкото екстремистичко движење цели кон државен удар и дестабилизација на Р*М со отстранувањето на албанскиот како официјален

„Иницијативата на националистичкото, екстремистичкото движење за отстранување на албанскиот јазик како официјален е обид за државен удар и стремеж за дестабилизација на државата * Македонија. Ова се искри, што ги поттикнува сегашната опозиција, заради создавање меѓуетничка напнатост.“ – изјави пратеникот Халил Снопче од Алијансата за Албанците на Арбен Таравари, од коалицијата Вреди, во изјава за ТВ „Ора њуз“ од Албанија. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“ од Македонија во својата информација со наслов „Војна’ за албанскиот јазик / Пратеникот Снопче од Вреди: Обид за државен удар! Опозицијата поттикнува искри, за да предизвика меѓуетничка напнатост“.



„Фол“ пренесува: Пратеникот-Албанец во Собранието на * Македонија Халил Снопче, во интервју за „Ора њуз“ ја коментираше расправата, што избувна во Скопје, а се однесува на отстранувањето на албанскиот јазик како официјален. Снопче нагласи дека се уште не е јасно зошто се поттикнати негативните коментари, но нагласи дека тоа се искри, што ги поттикнува сегашната опозиција, заради создавање меѓуетничка напнатост.

„Ова е стремеж на некои кругови во државата * Македонија, кои сакаат некако да ја дестабилизираат. Ние, како претставници на коалицијата Вреди го опишавме ова како обид за државен удар, предупредувајќи дека не е време да навлегуваме во овие прашања, бидејќи албанскиот јазик и неговата употреба се загарантирани со Уставот. Уставниот суд треба да се ангажира повеќе да бара употреба на албанскиот јазик, бидејќи имаше критики поради ова прашање. Да беше искрен Уставниот суд, требаше да се зафати токму со употребата на албанскиот јазик и на централно и на локално рамниште. Тоа беше државен удар, бидејќи ова беше иницијатива на националистичкото, екстремистичкото движење, како сакате наречете го, но тоа е движење, кое сака дестабилизација. Но, прашањето е кој го поттикнува ова движења? Тоа го поттикнува сегашната опозиција, чиј дел е и поранешниот претседател на државата Иванов, кој не го потпиша указот за влегување на овој закон во сила. Ова беше претседателот, кого го избраа во тоа време ДУИ и ВМРО ДПМНЕ на поранешниот премиер Груевски. Претходната власт имаше можност да ја тргне оваа точка од расправата, бидејќи ова е иницијатива од 2019 година и Уставниот суд имаше време да ја разгледа. Поранешен претседател на Уставниот суд е пратеникот од опозицијата Сали Мурат и можете да замислите до каде била поврзаноста на политиката со Уставниот суд и нејзината заробеност од претходната власт. Ние, што сме владејачко мнозинство денес немаме никакво влијание врз судовите. Затоа велам дека се ова искри, што ги поттикнува сегашната опозиција, заради создавање меѓуетничка напнатост.“ – изјави македонскиот пратеник Халил Снопче за „Ора њуз“