„Пратеникот од редовите на Вреди Халил Снопче во изјава за ТВ Ора Њуз од Албанија го критикуваше Европскиот фронт, предводен од Демократската унија за интеграција, поради бојкотирањето на гласањето за претседателот на Собранието на * Македонија Африм Гаши и поради наредување на иста линија со екстремната лева партија Левица.“ – пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
ИНА пренесува: Снопче изјави дека за прв пат во * Македонија имаше жестока расправа при изборот на претседател на парламентот, кој е Албанец, каде што екстремната левичарска партија Левица го навреди изборот на претставник-Албанец на чело на Собранието на Република * Македонија, додека, од друга страна, ДУИ, наместо да ги штити националните интереси, замина, бојкотирајќи го процесот.
„Европскиот фронт на Демократската унија за интеграција и на Али Ахмети од само ним познати причини одлучија да ја напуштат седницата и да не учествуваат во моментот на гласање за новиот претседател на Собранието на * Македонија, кој е Албанец. Така Африм Гаши од коалицијата Вреди со 76 гласови „за“ е избран за претседател на Собранието на * Македонија. За прв пат во историјата на Собранието на * Македонија имаше жестока расправа од пратениците на Левица, која е партија со комунистички ‘забетонирана’ партија, тие го наследуваат комунистичкиот дух, екстремниот левичарски дух и се искажана заруска партија. Тие со своите 6 пратеници имаа жестоки главно противалбански дискусии.“ – посочи Халил Снопче.
Според него, најголемата несреќа стои во тоа што ДУИ се нареди на иста линија со екстремно левичарската заруска партија Левица. „Голема несреќа е тоа што на овој ден, кој требаше да претставува празничен ден за Албанците од * Македонија, каде имаме ротација што Албанец како Талат Џафери беше заменет со друг Албанец Африм Гаши, бевме принудени да се соочиме со екстремниот шовинизам на пратениците на Левица, а и ДУИ не учествуваше на седницата, на која беше избран претседател на парламент – Албанец. Се случи ДУИ да биде на иста линија со Левица.“ – изјави Халил Сноче, пратеник од Вреди.





