Словачка ја „нокаутира“ Белгија, Романија ја столчи Украина, Франција со автогол подобра од Австрија

Фудбалерите на Словачка, 48. на листата на ФИФА, го приредија најголемото изненадување во досегашниот тек на Европското првенство во Германија со победата од 1:0 над треторангираната Белгија.



Херој на Словаците е Шранц, кој само по седум минути игра ја најави сензацијата во Франкфурт.

Само две места подобра рангираната Романија (46.) од Словачка, однесе уште еден скалп на фаворит, Украина (22.), и тоа во голем стил декласирајќи го противникот на Македонија во квалификациите со 3:0, со головите на Станчу во 29. минута, на Марин во 53. минута и на Драгуш четири минути подоцна во Минхен.

Светскиот вицешампион и еден од конкурентите за највисок пласман Франција прокнижи три бода против Австрија во Диселдорф само благодарејќи на автоголот со глава на Вебер во 38. минута.