Специјалитет кој особено е актуелен сега, во октомври и ноември, месеците во кои е сезоната на дуњите.
Состојки:
-Дуњи – 2 кг.
-Шеќер – 1.5 кг.
-Лимон – По вкус
-Ореви – По вкус

Начин на подготовка:
Измијте и исечете ги на половина дуњите. Исчистете ги од семки, излупете ги и потоа ставете ги во сад со вода со со цел да не оксидираат. Потоа исечете ги на коцки.
Во подлабока шерпа ставете шеќер и вода, измешајте додека не се стопи шеќерот и додека водата не почне да врие. Кога тоа е готово додадете ги исечканите дуњи и варете уште околу 10-15 минути додека смесата не се згусне.
Пред крајот на варењето додајте ги сецканите ореви и лимонот сечен на кругчиња. Свареното слатко покријте го со влажна крпа и оставете го така преку ноќ.
Утредента спакувајте го во регли и затворете ги со целофан или пак со капаци. Во теглите можете да додадете парчиња ореви и кришки лимон.





