Една рака со семки од тиква ги содржи 92% од дневните потреби на магнезиум, минерал важен за релаксирање на нервите и мускулите, зацврстување на коските и подобрување на циркулацијата.



Богати се со цинк
Високата вредност на цинк кои овие семки ја содржат дава безброј придобивки. Тој учествува во синтеза на 100 различни ензими, го подобрува имуниот систем и зараснувањето на раните, превенира остеопороза кај возрасните, а кај децата помага во правилно развивање на сетилата за вкус и мирис.

 

Штитат од срцеви заболувања
Фитостеролите се растителни соединенија кои помагаат во балансирањето на крвниот холестерол и превенираат коронарни заболувања. Семките од тиква како и растителните масла изобилуваат со нив.

Расположуваат
Иако есента и зимата знаат да бидат многу депресивни, семките од тиква се богати со амино киселината L-триптофан одговорна за зголемување на нивото на серотонинот во мозокот кој делува антидепресивно и го подобрува нашето расположение! Повеќе семки за повеќе насмевки.