Градоначалниците на општините Кисела Вода и Бутел, Орце Ѓорѓиевски и Дарко Костовски, денеска остварија средба.
Срдечна средба и разговори за поубав град и општини со мојот драг колега и пријател, Дарко Костовски.
Денеска во просториите на општина Бутел остварив средба со градоначалникот на општината, Дарко Костовски, каде што разговаравме за досегашната успешна работа изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје.
Мора да нагласам дека, Дарко и неговиот тим се големи борци кои навистина го даваат својот максимум за поубава локална самоуправа и посреќни граѓани.
Од она што го следам, можам да кажам дека влегоа буквално во секое населено место, ги решија децениските проблеми на жителите и денес Бутел е една општина со драстично сменета реалност на подобро.
Тоа се гледа и на терен и морам да им честитам.
И покрај сите опструкции од сега веќе поранешната централна власт и актуелната на град Скопје, Дарко и неговиот тим имаат највисок степен на реализација на проекти, повеќе од сите претходни раководства заедно.
Денес на средбата како претседател на ЗЕЛС отворив теми за тоа што треба дополнително да се реализира и да видиме како можеме да дојдеме до заеднички решенија.
Она што најмногу недостига е непостоењето на слух од страна на град Скопје.
Се надевам дека во периодот што следи до следните избори, Дарко ќе најде сили да го реализира она за што се обврза, како што е проектот за мега парк на Христијан Тодоровски – Карпош, потоа чистењето на реката Серава итн.
Оваа средба е почеток на средбите со градоначалниците што во периодот што следува ќе се интензивираат се со цел да се најде решение за граѓаните на Скопје.
Ќе ги посетиме општините, ќе ги детектираме проблемите и изготвиме решенија за што побрзо решавање на истите бидејќи градот Скопје и општините не смеат да чекаат.
Со новата централна власт, предводена од премиерот Hristijan Mickoski доаѓа подобро време за сите општини и игнорантскиот однос изминатите години заминува во минатото.
Градот Скопје и сите општини во Македонија ќе имаат вистински партнер во новата влада и реализација на многубројни проекти.
Градските проблеми ќе ги решаваме заедно, Скопје заслужува да биде метропола која ќе се носи рамо до рамо со европските и заедно ќе стигнеме до таа цел.
♥️ Благодарам на Дарко и неговиот тим за пријателското кафе и разговор, само сплотени можеме да направиме многу повеќе.
Скопје заслужува да биде повторно горд град – напиша градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.





