Зинедин Зидан ќе добие нов три годишен договор со Реал Мадрид со кој ќе заработува по осум милиони евра од сезона. Славниот играч и тренер без многу искуство, среќно стекна шанса пред година и половина кога Рафа Бенитез доби отказ од Сантијаго Бернабе, по што 45 годишниот Французин започна со редењето успеси на сите страни. Така Зизу во меѓувреме освои 6 трофеи од кои два се од Лигата на шампиоите, а последниот е од УЕФА Супер купот што во мечот со Манчестер Јунајтед (2-1) во вторникот го освои во Скопје.
Зидан со тоа влегува во редот на најплатените тренери на светот иако тоа се уште е далеку од годишните плати што ги имаат Пеп Гвардиола (24 милиони евра, Манчестер Сити), Жозе Мурињо (17 милиони, Манчестер Јунајтед), Марчело Липи (14 милиони, Гвуанжу)





