Брутален напад од куче, најверојатно скитник, преживеала скопјанка која се шетала со своето бебе во количка во парк.
Во нападот за малку ќе настрадало и нејзиното бебе.
За среќа, ја одбраниле две девојки кои случајно поминувале на булеварот „Осми септември“, пренесе Плусинфо.
За нападот таа самата објави на својот профил на Фејсбук
„Гриз од куче скитник… Булевар 8 септември, среда 04.09. Време 21:15-20. На прошетка со бебето неполни 40 дена, на стаза наменета за пешаци, каде што притоа нема никакво осветлување.
Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашувам дали оди накај мене или кон нешто друго.
Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам.
Како што паѓам, паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка, среќа на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и среќа некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и се стрчаа да ми помогнат…
И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина, а во главен град, без никакви сериозни мерки? Скраја да е! – објави скопјанката.
Во објавата таа ги тагнала ЈП „Лајка“, Општината Карпош и Градот Скопје.






